Seyit Ahmet Aytaç
24 Декември 2017•Ажурирај: 24 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, ќе престојува во дводневна официјална посета на главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, на 27 декември, соопшти денес официјален претставник од кабинетот на премиерот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претставникот, кој сакаше да остане анонимен, истакна дека премиерот во текот на средбите со саудиските лидери ќе разговара за прашања како што се политиката, економијата, трговијата, борбата против тероризмот и неодамнешните глобални и регионални прашања.