Handan Kazancı
16 Април 2020•Ажурирано: 16 Април 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, присуствуваше на состанокот на НАТО за борба против коронавирусот преку видеоконференциска врска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Акар им се придружи на министрите за одбрана на 30 земји члекни на НАТО на разговарите за борбата против пандемијата“, соопшти турското Министерство за одбрана на Твитер.
Министерството додаде дека состанокот, со кој претседаваше генералниот секретар, Јенс Столтенберг, е првиот состанок на НАТО што се одржува преку видеоконференција, наместо во седиштето на Алијансата во Брисел.
Говорејќи на состанокот, Акар ги истакна мерките коишто се преземени против вирусот во Турција, и помошта што Анкара им ја испрати на своите сојузници.
Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, на глобално ниво со вирусот досега се заразени над 2 милиони луѓе, а починаа над 130.000.
Повеќе од половина милион луѓе во светот се излекуваа.