Ayşenur Sağlam
06 Јули 2016•Ажурирај: 07 Јули 2016
АНКАРА (АА) – Турскиот министер за транспорт, поморство и комуникации, Ахмет Арслан, во врска со потпишаниот договор помеѓу Турција и Панама за изградба на Истанбулскиот Канал на подрачјето на Босфорскиот теснец во Истанбул, истакна дека искуството на панамскиот тим ќе биде од голема корист, јавува Anadolu Agency (AA).
„Искуството на Панама ќе ни биде од полза за Истанбулскиот канал. Потпишавме договор со кој за изградбата на Истанбулскиот канал во Турција ќе се формира платформа за соработка со тимот кој го изврши проширувањето на Панамскиот Канал", изјави министерот Арслан.
Заедничкиот договор за соработка меѓу Турција и Панама беше потпишан на 27-ми јуни во главниот град на Панама, Панама Сити, и како што се вели во изјавата на министерот Арслан, со формирањето за заедничката градежна платформа се очекува значителна административна и техничка помош за Турција во однос на позитивното искуство кое го има тимот од Панама при прошурувањето на изградбата на Панамскиот Канал. Целта на изградбата на Истанбулскиот Канал е олеснување на бродскиот сообраќај низ Босфорскиот теснец во Истанбул.

Искуството на градежниот експертски тим од Панама, кој работеше на еден од најголемите светски проекти, проширувањето на Панамскиот Канал, според Арслан, ќе придонесе за побрза и побезбедна имплементација на градежните активности во Истанбул.
- „Босфорскиот теснец во Истанбул ќе стане побезбеден со помош на новиот Истанбулски Канал“ -
Според информациите од министерот Арслан, проектот за Истанбулскиот Канал, освен за Истанбул, ќе има огромно значење и за сите останати земји кои сообраќаат низ Босфорот. Со остварувањето на проектот се очекува да биде оформен нов воден пат чија должина ќе биде подолга од 40 километри.
„Според нашите проценки, широчината на каналот на површината би изнесувала 500 метри, додека на дното 400 метри со длабочина од околу 30-тина метри. На тој начин танкерите, кои претставуваат закана за морскиот сообраќај во Босфорот, ќе можат да го користат новиот каналски премин со што ќе се зголеми безбедноста во Босфорот“, рече Арслан, истакнувајќи дека забрзано се работи на проектот за одредување на патната траса на новиот премин.