Özcan Yıldırım
02 Мај 2021•Ажурирај: 03 Мај 2021
ШИРНАК (АА) - Најмалку 44 терористи се неутрализирани во неодамнешните прекугранични антитерористички операции на турските сили, истакна турскиот министер за одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Операциите „Канџа-Молња“ и „Канџа-Гром“ течат успешно. Досега се неутрализирани 44 терористи“, рече Хулуси Акар пред војниците во база во северен Ирак, каде што замина во посета заедно со високи воени претставници за да ги надгледува антитерористичките операции.
Акар нагласи дека антитерористичките дејствија ќе продолжат сѐ до неутрализирање на последниот терорист.
Турција ги започна операциите „Канџа-Молња“ и „Канџа-Гром“ против терористичката организација ПКК на 23 април во регионот на Метина и Авашин-Басјан во северен Ирак, во близина на турската граница.
Терористичката организација ПКК како база го користи северен Ирак веднаш преку јужната граница на Турција, за криење на своите терористи и планирање на терористички напади во Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.