Diyar Güldoğan
08 Август 2023•Ажурирај: 09 Август 2023
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, и неговиот италијански колега, Антонио Тајани, денес телефонски разговараа за билатералните односи, соопштија турски дипломатски извори, јавува Анадолу.
Фидан и Тајани разменија мислења и за регионалните прашања, меѓу кои и за договорот за извоз на жито преку Црното Море.
На 23 јули, Фидан присуствуваше на Меѓународната конференција за развој и миграции во Рим, чија цел беше изнаоѓање одржливи решенија за борба против нерегуларната миграција.
Туркије и Италија се соочуваат со заеднички предизвици во однос на миграцијата.