Ali Bayaslan
18 Јули 2017•Ажурирај: 19 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во невремето што го зафати Истанбул, според првичните информации нема жртви, изјави Мехмет Халис Билден, директор на Управата за елементарни непогоди и итни состојби при турската Влада (АФАД), јавува Anadolu Agency (AA).
Билден на социјалната мрежа напиша дека екипите на AФАД се теренот.
„Сите се вклучени во акцијата за спасување. Фала му на Бога, според првичните информации нема жртви“, напиша директорот на Управата за елементарни непогоди и итни состојби при турската Влада, Мехмет Халис Билден.
Тој советува да не се тргнува на пат со автомобил, освен ако има итна потреба за тоа, и упати повик жителите да се придржуваат кон упатствата на надлежните органи.
Поради поголемите количини вода на одредени коловози, возилата не можат да се движат, а отежнат е и јавниот сообраќај.
Многу крстосници и вијадукти останаа под вода, која влегуваше и во градските автобуси.
Станиците за метро и за градски автобус се потопени, а отежнато е одвивањето и на воздушниот сообраќај, како и на поморскиот сообраќај.