????? ??????????
09 Ноември 2015•Ажурирај: 10 Ноември 2015
ЧАНАКАЛЕ (АА) - Турската крајбрежна стража во Ајвачик, област Чанакале, уапси 387 мигранти, кои се обиделе илегално да одат на грчкиот остров Лезбос, пренесува Anadolu Agency (АА) .
Мигрантите се криеле во маслиновите градини, сакајќи со гумени чамци да одат во Грција.
Овие мигранти се по потекло од Сирија, Авганистан, Иран и Мјанмар, а истите беа предадени во локалната канцеларија за странци, за подоцна да бидат депортирани во нивните матични земји.