?????
10 Ноември 2015•Ажурирај: 11 Ноември 2015
АНКАРА (АА) - Ширум Турција, со пригодна програма и манифестации, денеска се одбележува 77-та годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на современата Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Централната манифестација се одржа на платото на маузолејот на Ататурк, Аниткабира во Анкара,каде присуствуваа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Големото народно собрание Исмет Јилмаз, како и бројни високи функционери и неколку илјади граѓани кои се собраа да му оддадат чест на првиот претседател на Републиката.
09:05 часот, време кога починал Ататурк, дневните активности беа стопирани на две минути. Во тој час, се огласија сирените, а луѓето со едноминутен молк и на други пригодни начини се сетија на основачот на Републиката. Годишнината од смртта на Ататурк со пригодна програма и приеми се одбележува и во дипломатските претставништва на Турција ширум светот.
Ататурк е роден 1881 година во грчкиот град Солун, во тогашното Османлиско царство. Најголемата воена слава ја стекна предводејќи ги турските борци во битката на Чанакале.
По распаѓањето на Османлиското зарство, после завршувањето на Првата светска војна, Ататурк ја предводеше турската армија во ослободителната војна. Како основач и претседател на Република Турција, земјата ја трансформираше во модерна, секуларна и прозападна држава.
Почина на денешен ден 1938 година, во 57-та година од животот.