????? ???????
09 Ноември 2015•Ажурирај: 10 Ноември 2015
Во турската престолнина Анкара, денес започна сертифицираната програма за воено новинарство на Anadolu Agency (AA).
Програмата ќе понуди богата обука од областа на военото новинарство, покривањето на сториите за тероризмот, бегалците, известувања во непријателско опкружување како што се хемиските и билошки напади и.т.н.
Исто така, посетителите на програмата ќе минат низ обука за лична безбедност, прва помош, напредни техники на возење, техники на преживување и обука за пловидба.
Свој придонес во програмата ќе дадат и Управата за вонредни состојби при Владата на Република Турција (AFAD) како и турските вооружени сили.
Потсетувајќи на неодамнешните судири на Кавказот и Блискиот Исток, заменик генералниот директор на АА, Мустафа Озкаја, кажа дека „како дел на оваа географска целина, имаме одговороност да го пренесуваме она што се случува на најпрецизен начин.
“
На учесниците на програмата им се обрати и заменик началникот на Полициската академија, Фатих Инал.
„Сакам да знаете дека оваа обука е доволно квалитетна за да ве обучи против било која потешкотија со која може да се соочите“, рече Инал.
Во рамките на програмата која започна денес, на учесниците во обуката ќе им бидат доделени меѓународно признати сертификати.
Инаку, Anadolu Agency (AA) спаѓа меѓу неколкуте глобални медиумски институции кои нудат програма за воено новинарство.
АА моментално емитува вести на десет јазици, а целта е тој број до 2023 година да се зголеми на 11.