Вицепремиерот на Република Турција Јалчин Акдоган пристигна во Македонија
Акдоган, денеска пристигна во Скопје поради отворањето на Канцеларијата на АА во Скопје, која воедно ќе емитува вести на македонски и албански јазик.
?????
08 Ноември 2015•Ажурирај: 10 Ноември 2015
СкопјеВицепремиерот на Турција, Јалчин Акдоган, допатува во Скопје заедно со претседателот на Управниот одбор на АА и генерален директор Шенол Казанџи, како и генералниот директор на ТРТ, Шенол Ѓока, поради отворањето на Канцеларијата на АА во Скопје, каде ќе се започне со емитување на вести на македонски јазик, јавува Anadolu Agency (AA).
Церемонијата ќе се одржи утре во Скопје.
Приватниот авион на Акдоган, пристигна на скопскиот аеродром „Александар Велики“ и беше пречекан од страна на Амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Омур Шолендил и неговата придружба.
Акдоган ја посети Владата на Република Македонија и се сретна со Премиерот Никола Груевски. Потоа ја посети и Турската чаршија во Скопје и присуствуваше на вечерата која беше организирана во негова чест од страна на АА.
Новинската агенција Анадолија објавува вести на 9 јазици, а утре со официјалното отворање на Канцеларијата ќе започне да емитува вести и на македонски јазик. Во Канцеларијата на АА во Скопје освен на македонски како 10-ти јазик на емитување, воедно ќе биде централа за двата сервиса, на македонски и албански јазик.
По повод отворањето на Канцеларијата на АА во Скопје, ќе присуствуваат претседателот на Управниот одбор на АА и генерален директор Казанџи, генералниот директор на ТРТ Ѓока, заменик претседателот на Управниот одбор на АА, др. Шабан Кизилдаг, членот на Управниот одбор на АА, Али Турќер Пиртини, заменик генералниот директор на АА и главен уредник Метин Мутаноглу и главниот и одговорен уредник на редакцијата Селчук Авал, главниот уредник на економско- финансиската редакција Фират Газел, главниот уредник на редакцијата за светски јазици Мехмет Озтурк, регионалниот директор за Европа и Америка Урал Јешил, како и турски и македонски официјални личности и медиуми.
Емитуваните вести на македонски јазик на АА ќе можат да се следат на веб страницата http://www.aa.com.tr/mk.
АА постепено со своето напредување станува една од највлијателните новински агенции во светот, која освен на турски јазик, моментално објавува вести и на англиски, арапски, босанско-српски-хрватски, руски, курдски, француски, албански и персиски јазик.