?????
08 Ноември 2015•Ажурирај: 12 Ноември 2015
Криумчари на цигари досетливо маскирале комбе во возило на итна медицинска помош, но се фатени кога ја забележале полициската патрола и во паника ја уклучиле сирената, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициска патрола во јужниот турски град Османије сопрела комбе кое по својот изглед било идентично на возило на итната медицинска служба и при тоа пронашла 27.500 кутии цигари.
Возилото е сопрено поради сомнителната реакција на шоферот, кој, здогледувајќи ја патролата, ја вклучил сирената и нагло го забрзал движењето.
При преглед на возилото е утврдено дека во него немало никаква медицинска опрема, туку дека станува збор за класично теренско возило со лажни регистарски таблици.
Возачот У.К (18) и совозачот Р.М (35), двајцата облечени во елеци на итна медицинска екипа, се уапсени и против нив е покрената судска постапка.