?????
08 Ноември 2015•Ажурирај: 08 Ноември 2015
Американскиот разурнувач со наведувани ракети, Доналд Кук, неодамна ја заврши заедничката вежба со турските поморски сили во Медитеранот, Anadolu Agency беше поканета на бродот по неговото засидрување крај брегот на југоисточна Турција.
Разурнувачот, именуван по американски маринец загинат во заробеништво за време на Виетнамската војна, продолжува да плови близу турските води уште најмалку две недели.
„Тука сме затоа што САД и Турција се блиски сојузници“, изјави за Anadolu Agency во петокот, командантот Тим Мур.
„Ова е одлична можност за нашите две нации за заедничко унапредување на мирот и стабилноста во регионот.“
Источниот Медитеран се појави како едно од најпроблематичните места во светот во последните пет години. Покрај четиригодишниот конфликт во Сирија кој ги донесе Западот, Русија и регионалните сили како Турција, Саудиска Арабија и Иран, пораснаа и насилствата во Палестинските територии во последните недели како и израелското бомбардирање на Газа, минатата година.
Во меѓувреме на египетскиот Синајски Полуостров се случуваат бунтови против државата со мал интензитет, од средината на 2013 година кога првиот демократски избран претседател беше тргнат од власт со воен пуч.
Овој месец, турскиот град Анталија ќе биде домаќин на светските лидери на Самитот на Г20, со теми како конфликтот во Сирија и бегалската криза како најважни теми на агендата на самитот.
Сепак Мур демантира дека мисијата на разурнувачот е поврзана со самитот или со конфликтот во Сирија.
„Нашата моментална операција е поддршка на вежбата“, рече тој во интервју дадено на бродот.
На поморските маневри помеѓу 27-ми октомври и 6-ти ноември на 17-те турски бродови и 14-те авиони им се придружија американскиот разурнувач Доналд Кук и два американски патролни авиони на вежбата Догу Акдениз 2015. Коментирајќи за мисијата, Мур додаде:
„ Соработката помеѓу нашите две нации е многу здрава, многу цврста. Разликите во нашите морнарици се разгледани и работевме заедно на постигнување за постигнување на заедничките цели за време на везбата“.
Разурнувачот , кој обично е стациониран на шпанскиот атлански брег, во источниот Медитеран ќе се задржи на „неодреден временски период“, рече тој.