?????
07 Ноември 2015•Ажурирај: 07 Ноември 2015
Турските вооружени сили објавија детали за четириесетдневната воздушна и копнена операција врз базите на терористичката ПКК стационирани на планините во југоисточната турска покраина Хакари, јавува Anadolu Agency.
Според локални армиски извори, операцијата, именувана по потполковникот Илкер Челикчан – започнала на 27 септември. Челикчан, инаку загинат во акција во Хакари на 7-ми септември, е војник со највисока титула кој досега има загинато во скорешните обновени борби со ПКК. Неодамнешната операција ја опфати областа од брдото Бузул и планините Икијака па се до долината Доски во областа Јуксекова, каде ПКК имаше намера да прогласи „сигурносна зона“ и свое упориште.
Терористите на ПКК ја копаа планината вградувајќи руски противавионски митралези Душка, создавајќи за нив неколку засолништа и позиции. Областа е од стратешко значење бидејќи селото Даглица е единствената влезна точна во регионот, брдото Орамар е заштитено место со поглед на граничниот батаљон Даглица, брдото Кери и граничната посада на брдото Пеј.
За време на операцијата која траеше до 5-ти ноември, турските војници детално ги пребараа планините и долините стигнувајќи до планинските места кои терористите од ПКК ги нарекуваат „недостижни“ , уништувајќи ги позициите, засолништата и пештерите кои терористите ги користеле.
Во анти-терористичките операции учествуваа и две бригади командоси и трупи од турските специјални сили. Беше изведувана заедно со борбените авиони на воздушните сили, некогаш и на температури од -15ºС, ноќно време на стрмен и карпест терен. Беа убиени вкупно 119 терористи на ПКК а беа запленети неколку експлозивни направи кои терористите ги поставиле на патиштата како и материјали и хемикалии користени во нивните фабрики.
Беа запленети и пет руски противавионски митралези Душка, 39 парчиња тешко наоружување, 10.000 парчиња муниција. Шест војници ги изгубија животите за време на судирите со терористите.
Турските безбедносни сили одговорија на обновените ПКК напади на југоистокот со лансирање воздушни напади врз базите на ПКК во северен Ирак а армијата испрати копнени трупи преку границата, убивајќи скоро 1.000 терористи.
Во почетокот на септември, Турција испрати и две единици од нејзините специјални сили, во составот на 230 трупи во северен Ирак за прв пат во над двегодишното гонење на терористите на ПКК од другата страна на границата, изјави воен извор.