?????
07 Ноември 2015•Ажурирај: 07 Ноември 2015
АДАНА (АА) – Тимовите за борба против тероризмот во Адана, на југот од Турција, приведоа седум лица под сомнение дека сакале да ѝ се придружат на терористичката организација Даеш, јавува Anadolu Agency (AA).
Приведен е пар од Франција и пет државјани на Индонезија. Акцијата е изведена во хотелот во кој претствојувале приведените.
Приведените донеле и две деца од кои едно со потешкотии во развојот. Лицата кои се под сомнение дека сакале да се придружат кон терористичката организација, предадени се на локалната Канцеларија за странци како би биле депортирани во своите држави.