Hanife Erdinç
01 Декември 2015•Ажурирај: 03 Декември 2015
Чанаккале (АА) - Турската крајбрежна стража спаси 57 бегалци од Сирија и Авганистан, кои се обиделе со гумен чамец преку Егејско море да поминат на грчкиот остров Лезбос, но чамецот почнал да тоне, јавува Anadolu Agency (АА) .
Група од 57 бегалци, меѓу кои и неколку деца, вклучувајќи и три месечно бебе рано утринава со чамец испловила од турскиот брег во Чанаккале кон грчкиот остров Лезбос. По исплововувањето во водите на Егејското Море чамецот почнал да тоне по што бегалците телефонски ја повикале турската крајбрежна стража.
Со брзата реакција на турската крајбрежна стража, сите бегалци беа спасени и вратени на Турскиот брег.