Seyit Ahmet Aytaç
01 Декември 2015•Ажурирај: 01 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Пожар во која утринава загинаа шест деца, изби во верско училиште сместено во двокатница во населбата Кулп во Дијарбaкир, југоисточна Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изјавата за АА, во Управата за верски прашања на Турција, пожарот избувнал во училиште за учење на Куранот, светата книга на муслиманите.
За трагедијата во која загинаа шест деца, а три се повредени, претседателот на управатаза верски прашања на Турција Мехмет Гормез побара назначување на специјален инспекциски тим за истражување на настанот.
Според првичните информации од терен, пожарот избувнал во раните утрински часови предизвикан од електрична греалка.