Dilara Hamit
28 Јули 2020•Ажурирај: 29 Јули 2020
ИЗМИР (АА) - Турција спаси 43 нерегуларни мигранти истуркани од Грчката крајбрежна стража во Егејското Море назад кон турските територијални води, соопштија денес безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дејствувајќи по дојава за чамец во опасност недалеку од брегот на Мадра во Дикили, Измир, Турската крајбрежна стража започна акција за пребарување и ги спаси мигрантите.
Откако се направени рутински проверки, мигрантите се упатени во обласниот центар за миграции.
Турција е клучна транзитна рута за мигрантите кои сакаат да стигнат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогон.
Земјата претходно оваа година ги отвори границите за нелегалните мигранти кои сакаат да преминат во Европа, обвинувајќи ја ЕУ дека не ги има исполнето своите ветувања според договорот за мигранти склучен во 2016 година.
Турција ја осуди нелегалната практика на Грција на туркање на чамците на мигрантите кон турските територијални води, велејќи дека покрај тоа што го крши законот, ги загрозува и животите на мигрантите, меѓу кои има и жени и деца.