Yusuf Soykan Bal
06 Август 2022•Ажурирај: 08 Август 2022
Командата за крајбрежната безбедност на Туркије во периодот од 29 јули до 4 август спасила над 1.000 нерегуларни мигранти, а фатени се 6 шверцери на мигранти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турската Команда за крајбрежна безбедност објави соопштение во кое сподели информации за спасени нелегални мигранти.
„Во рамки на непрекинатите активности на Командата за крајбрежната безбедност за борба против нерегуларната миграција во периодот од 29 јули до 4 август спасени се 1.047 нерегуларни мигранти во 37 различни случаи, додека фатени/спасени се 6 шверцери на мигранти“, се вели во соопштението.