Gökhan Ergöçün
05 Јануари 2022•Ажурирај: 06 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ
Турската автомобилска компанија „Карсан“ ѝ испорача 150 автобуси на Украина во 2021 година, соопшти компанијата денеска, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Автобусите на „Карсан“, „Јест+“ и „Атак“ со дизел мотори станаа дел од возниот парк на јавниот превоз на украинската општина Каркив“, се вели во соопштението.
Возилата беа испорачани со договор за купување на 500 автобуси потпишан во април 2021 година.
Шефот на Карсан, Окан Баш, рече дека „Јест+“ и „Атак“ се удобни и еколошки автобуси, што ги прави идеални за јавен превоз и дека се широко користени во Европа и во другите регионални земји.