Özcan Yıldırım
25 Јануари 2024•Ажурирај: 28 Јануари 2024
АНКАРА (АА) - Воен авион C-160 на Турските вооружени сили принудно слета за време на обука недалеку од градот Кајсери, јавува Анадолу.
Како што соопшти Министерството за одбрана на Туркије, воениот товарен авион C-160 принудно слетал поради технички дефект кратко по полетувањето за обука, недалеку од Кајсери.
Членовите на екипажот не се повредени, додека леталото претрпе мала штета.