Турција

Туркије со критики за бројни одлуки од самитот на ЕУ

Турското МНР упати критики за континуираниот неуспех за започнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, и покрај фактот што овие земји се веќе кандидати

Mustafa Deveci  | 25.06.2022 - Обновена : 27.06.2022
Туркије со критики за бројни одлуки од самитот на ЕУ

АНКАРА (АА) - Туркије вчера критикуваше голем број одлуки од самитот на Европската Унија (ЕУ) кои се однесуваат на Егејското и Средоземното Море, за пристапувањето на Туркије кон Блокот, како и за континуираниот неуспех за започнување пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. јавува Агенција Анадолија (АА).

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуките донесени на самитот на ЕУ за Туркије содржат предрасуди, немаат врска со реалноста и немаат визија.

Во соопштението на Министерството се наведува и дека се неприфатливи напорите на ЕУ да ги легитимизира максималистичките политики на другите држави со кои се крши меѓународното право во Егејското Море и на Медитеранот.

Потсетувајќи на неколку грчки политички постапки, вклучувајќи ја и милитаризацијата на егејските острови во близина на турскиот брег и одбивањето на барателите на азил, од Министерството за надворешни работи на Туркије се наведува дека молкот на ЕУ за овие прашања не придонесува за нивно решавање и ѝ штети на регионалната стабилност.

Се додава дека Туркије останува при ставот кој е во согласност со меѓународното право и добрососедските односи.

Министерството наведе дека ЕУ треба да престане да ги жртвува предностите што би ги овозможил процесот на пристапување на Туркије и соработката, наместо тесноградите, незаконски и максималистички тврдења на Грција и администрацијата на кипарските Грци, напоменувајќи дека тоа ќе биде и во интерес на ЕУ.

Министерството за надворешни работи на Туркије ја поздрави одлуката на самитот на ЕУ за доделување кандидатски статус на Украина и Молдавија за членство во европскиот блок.

Меѓутоа, Министерството упати критики за континуираниот неуспех за започнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, и покрај фактот што овие земји се веќе кандидати.

Во соопштението, исто така, се повикува ЕУ да ѝ додели кандидатски статус на Босна и Херцеговина, велејќи дека тоа ќе биде од корист за поширокото европско географско подрачје, вклучувајќи го и Балканот.

На крајот, се наведува дека Туркије смета дека ЕУ треба искрено да соработува со сите земји кандидати и дека пристапувањето треба да напредува врз основа на заслуги.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın