Yunus Hocaoğlu
02 Јули 2022•Ажурирај: 06 Јули 2022
ЕРЗУРУМ (АА) - Министерот за трговија на Република Туркије, Мехмет Муш, денес изјави дека извозот на Туркије во јуни е зголемен за 18,5 отсто во однос на истиот период претходната година и достигна 23,4 милијарди долари, известува Агенција Анадолија (АА).
Муш ги објави податоците за надворешната трговија за јуни на отворањето од Унијата на извозници на источна Анадолија (DAIB) во турскиот град Ерзурум.
Тој наведе дека Туркије во првите шест месеци од 2022 година го продолжила успехот што го постигнала во извозот во 2021 година.
„Во јуни нашиот извоз порасна за 18,5 отсто во однос на истиот месец претходната година и достигна 23,4 милијарди долари. Со задоволство би сакал да констатирам дека ова е најголемиот месечен извоз на сите времиња. Во сите шест месеци од 2022 година, остварена е најголемата месечна вредност на извоз, шест од шест. Во првите шест месеци од оваа година нашата земја оствари извоз во вредност од 126 милијарди долари“, појасни министерот Муш.
Напоменувајќи дека увозот во јуни изнесува 31,6 милијарди долари, Муш додаде:
„Енергијата зазема важно место во нашиот увоз овој месец, со удел од 8,1 милијарда долари.“