Merve Berker
26 Септември 2023•Ажурирај: 27 Септември 2023
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа двајца терористи на ЈПГ/ПКК во Северна Сирија, соопшти денес Министерството за национална одбрана, јавува Анадолу.
Терористите, кои отворија вознемирувачки оган врз турските војници, беа неутрализирани во зоната на операцијата „Маслинова гранка“ во близина на сириско-турската граница, се вели во соопштението на Министерството.
Од 2016 година Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во Северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мир“ (2019).
Во својата повеќе од 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.