Ali Ballı
29 Јули 2022•Ажурирај: 29 Јули 2022
МУГЛА (АА) - Во тек се акциите на гаснење на пожарот кој изби во подрачјето на Мармарис, во турската област Мугла, а поддршка е пуштена и од воздух, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пожарот од засега непознати причини избувнал во шумскиот предел на Турунч, а огнената стихија потпомогната од ветрот, многу брзо се проширила.
Хеликоптерите при Регионалната дирекција за шуми во Мугла, цистерните, машините и многу работници настојуваат да го изгаснат пожарот.
Екипите вложуваат значајни напори да се стави под контрола пожарот кој е во близина на населените места, а брзо се шири.