Salih Okuroğlu
24 Април 2023•Ажурирај: 24 Април 2023
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пренесува Анадолу.
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за надворешни работи на Туркије.
Во соопштението се наведува дека Чавушоглу и Столтенберг разговарале за состојбата во Украина.
Се вели дека двајцата соговорници се осврнале и на прашањата поврзани со подготовките за самитот на НАТО во Вилнус.
Според соопштението, Чавушоглу и Столтенберг, исто така, разговарале за прашањето oколу проширувањето на НАТО-алијансата.