Tuğrul Çam
15 Октомври 2019•Ажурирај: 16 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со својот американски колега Мајк Помпео, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од дипломатаските извори, Чавушоглу телефонски разговараше со Помпео.
Не се дадени информации околу содржината на телефонскиот разговор.
Чавушоглу, исто така, телефонски разговор со Помпео оствари и на 9 октомври кога беше започната операцијата „Извор на мирот“, која има за цел оневозможување на формирањето терористички коридор долж јужната граница на Турција и обезбедување мир и спокојство во регионот.