Berk Özkan
17 Август 2020•Ажурирај: 18 Август 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип, Ердоган, телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Во соопштението се вели дека Ердоган и Путин разговарале за чекорите преку кои ќе се унапредат односите меѓу двете земји во повеќе области како туризмот, транспортот, енергетиката и економијата.
Исто така, се истакнува дека двајцата лидери се осврнале и на заедничката борба против пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19).
Според соопштението, Ердоган и Путин разговарале и за случувањата во Источниот Медитеран и Либија.
Претседателите на двете земји укажале на важноста за продолжување на блиската соработка и дијалогот.
Во соопштението се нагласува дека Ердоган и Путин се согласиле за продолжување на контактите меѓу Турција и Русија преку воени и дипломатски канали во врска со состојбата во Сирија.