Berk Özkan
22 Август 2020•Ажурирај: 23 Август 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговораше со палестинскиот претседател Махмуд Абас, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Во соопштението се вели дека двајцата лидери разговарале за билатералните односи како и за случувањата во регионот.
Според соопштението, Ердоган во разговорот ја повторил поддршката на Турција за праведната кауза на Палестина.
Се нагласува дека Абас упатил честитики до Ердоган за пронаоѓањето на природен гас во Црното Море и истакнал дека секој успех на Турција го смета и за успех на Палестина.
Со сондажни истражувања на наменскиот брод „Фатих“, Турција во Црното Море откри резерви на природен гас од најмалку 320 милијарди кубни метри.
Резервите на природен гас се откриени во ексклузивниот економски појас на Турција, на околу 170 километри од турскиот брег.