Турција

Телефонска средба Калин - О’Брајан

Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин и американскиот советник за национална безбедност, Роберт О’Брајан дискутираа за билатералните односи, борбата против Ковид-19, солидарноста на НАТО, како и случувањата во Сирија и Либија

Sena Güler  | 22.05.2020 - Обновена : 22.05.2020
Телефонска средба Калин - О’Брајан

АНКАРА 

Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, денеска оствари телефонски разговор со американскиот советник за национална безбедност, Роберт О’Брајан, јавува Агенција Анадолија (АА).

За време на нивниот разговор, Калин и О'Брајан дискутираа за билатералните односи, борбата против Ковид-19, солидарноста на НАТО, како и случувањата во Сирија и Либија, вели извор од Турција.

Според истиот извор, меѓу разгледаните теми биле и регионалните прашања.

За време на разговорот беше истакната и поддршката за либиската Влада признаена од ОН и крајот на нелегалните активности и напади на Калифа Хафтар.

Тие, исто така, се согласија дека има потреба од решение за сириската криза, што трае од 2011 година, и дека се потребни повеќе напори во борбата против тероризмот.

Калин и О’Брајан исто така ја истакнаа важноста на солидарноста меѓу членките на Алијансата на НАТО во овие тешки денови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.