Andaç Hongur
21 Мај 2020•Ажурирај: 21 Мај 2020
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, одржа телефонска средба со претседателот на Палестина, Махмуд Абас, на која истакна дека Турција ќе продолжи да ѝ дава поддршка на Палестина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Канцеларијата за комуникации на Претседателството на Турција соопшти дека Ердоган и Абас синоќа разговарале за турско-палестинските односи, но и за други регионоални теми.
Претседателот Ердоган во текот на разговорот потврдил дека Турција ќе продолжи на секое поле да ѝ дава поддршка на Палестина.