Diyar Güldoğan
04 Јуни 2023•Ажурирај: 05 Јуни 2023
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денес во Истанбул се состана со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, известува Анадолу.
Состанокот се одржа во претседателската канцеларија во Долмабахче во Истанбул.
Столтенберг синоќа присуствуваше на свеченоста по повод инаугурацијата на турскиот претседател Ердоган, кој претходно положи заклетва за трет мандат претседател на Туркије.
Средбата меѓу Ердоган и Столтенберг се одвива зад затворени врати.

Столтенберг синоќа присуствуваше на свеченоста по повод инаугурацијата на турскиот претседател Ердоган, кој претходно положи заклетва за трет мандат претседател на Туркије.
Кон крајот на мај Столтенберг на социјалната мрежа Твитер објави: „Имав добар разговор со претседателот Реџеп Таип Ердоган. Му честитав на изборот. Разговаравме за клучните прашања пред претстојниот самит на НАТО во Вилнус, континуираната поддршка за Украина и финализирање на пристапувањето на Шведска во НАТО.“
Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО по војната што Русија ја започна во Украина во февруари 2022 година.
Турција повеќепати досега соопшти дека активностите на терористичките организации ПКК и ФЕТО во Шведска се причина поради која се против членството на Шведска во НАТО.