Özgün Tiran
05 Март 2020•Ажурирај: 06 Март 2020
ЕДРЕНЕ (АА) - Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, истакна дека во пограничниот систем на Мерич донеле илјада специјалци, целосно опремени, за да се спречи туркањето назад на мигрантите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Сојлу, откако од воздух ги набљудуваше движењата на мигрантите на границата помеѓу Турција и Грција, пристигна во Гувернерството на Едрене.
Сојлу во зградата на Гувернерството беше брифиран за ситуацијата со мигрантите.
Потоа тој даде изјава за медиумите, во која истакна дека минатата година Грција со задоволство примила 7.300 припадници на ФЕТО, а претходната година примила 7.600 припадници на ФЕТО.
Објаснувајќи дека тоа е заедничка одлука на Европа, а не само на Грција, Сојлу нагласи: „Тоа е многу јасно. Тие што не кажаа ништо за тоа, денес ги третираат мигрантите целосно надвор од хуманитарните права.“
Наведувајќи дека грчките медиуми, властите и министрите зборуваат за лаги, министерот Сојлу рече:
„Зошто ние би фрлале солзавец? Грчката страна фрла солзавец, фрлаат солзавец кон нашите полициски станици. Ние на тоа одговараме. Зборувавме и со нашите вооружени сили, ги презедовме и потребните мерки, во пограничниот систем на Мерич од утрото донесовме илјада специјалци, целосно опремени, за да се спречи туркањето назад на бегалците“, истакна министерот Сојлу.