Soner Kılınç
31 Мај 2018•Ажурирај: 01 Јуни 2018
УШАК (AA) - СОНЕР КИЛИНЧ - Во Турција во тек се низа истраги и судења на осомничените за обидот за воен удар од јули 2016 година, а со истрагата во Ушак е утврдено дека на странските студенти им била инсталирана апликацијата „ByLock“ (БајЛок), која терористичката организација ја користела за тајна комуникација меѓу членовите, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористичката оганизација ФЕТО со посредство на инфилтрирани поданици во редовите на турската војска, полицијата и другите институции, на 15 јули 2016 година изведе обид за воен удар во Турција. Државното обвинителство во Ушак води истрага за терористичката мрежа во тој град.
Со истрагата е утврдено дека ФЕТО врбувал млади лица во странство, и во Турција на студии носел деца од угледни семејства. По доаѓањето во Истанбул идните студенти ги запишувале на шестмесечни курсеви по турски јазик, а потоа раководството на ФЕТО ги насочувал на кои студии да се запишат. Сето тоа време престојувале во единиците за сместување на ФЕТО, кој се преставувал како добротворно движење за поддршка на студентите.
Студентите во градовите во кои ги запишувале студиите ги дочекувал надлежниот персонал на ФЕТО кој веднаш барал од нив да купат нови телефонски картички и ги врбувале да станат симпатизери и активни членови на ФЕТО.
Високопозиционираните членови на ФЕТО, телефонските картички земени на име на странските студенти ги праќале на важните лица на организацијата во другите градови.
Обвинителството откри дека телефонските картички земени на име на 14 студенти во Ушак завршиле ширум Турција, и се користени за тајна комуникација во ФЕТО.
Откриено е исто така дека некои од странските студенти доброволно ја инсталирале апликацијата „БајЛок“ и комуницирале со членовите на ФЕТО.
Во текот на истрагата уапсени се двајца студенти, еден од Кина, а другиот од Босна и Херцеговина, додека судски процеси се водат против 14 странски студенти на чие име се телефонските картички кои се користени во ФЕТО.
Неименуван безбедносен извор соопшти дека терористичката организација ФЕТО мамела и врбувала илјадници странски студенти. Најчесто, тоа се студенти кои студирале економија, менаџмент или меѓународни односи, а при враќањето во нивните земји биле вработувани во установите поврзани со ФЕТО.
На чело со Фетула Ѓулен, терористичката организација ФЕТО преку инфилтрираните членови во институциите, се обиде да изврши воен удар во Турција во јули 2016 година, во кој загинаа најмалку 250 лица. Турција потоа започна опсежна борба против таа организација создадена пред неколку децении, која под плаштот на верски програми ги злоупотребуваше религиозните чувства на луѓето заради остварување на своите терористички планови.