Kemal Karadağ,Sefa Şahin
28 Април 2022•Ажурирај: 29 Април 2022
АНКАРА (АА) - Вкупно 7 терористи на ПКК беа неутрализирани досега во операциите „Ерен Аблука“ на турските сили, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Операциите, кои започнаа на 15 април, успешно се спроведуваат во источните области Дијарбакир, Хакќари, Батман, Ширнак, Мардин и Тунџели“, истакна Министерството во соопштението.
„Исто така, уништени се најмалку 28 пештери, 38 засолништа и 2 магацини кои ги користеле терористите на ПКК“, се додава во соопштението.
Турските безбедносни сили запленија 10 пешадиски пушки, 223 рачни бомби, 2 импровизирани експлозивни направи, над 1 тон експлозив, 36 пиштоли „маг“, 633 парчиња муниција за пешадиски пушки и 12 парчиња муниција за ракетни фрлачи.
Турција ги започна операциите „Ерен“ минатата година, именувани по Ерен Булбул, 15-годишно момче убиено од терористичката организација на 11 август 2017 година.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.