Mehmet Tosun
16 Мај 2016•Ажурирај: 16 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, на прошталниот прием за својот тим кој беше организиран во Палатата Чанкаја во Анкара рече дека благослов за една личност да се биде премиер на 78 милиони луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
„Еден од најголемите благослови за еден човек е да се биде премиер на Турција, премиер на 78 милиони луѓе. Оваа задача е од задачите што се извршуваат со чест. Се чувствувам исклучително горд од преземањето на одговорност за турскиот народ и извршување на премиерската функција и трудољубивото работење како мравка во изминатите 20 месеци“, истакна Давутоглу.
Премиерот Давутоглу во палатата во Чанкаја приреди „проштална средба“ со членовите од неговиот тим.
Премиерот Давутоглу, придружуван од сопруга Саре Давутоглу, одделно се поздрави и фотограше со секој од гостите.
Во разговорот по повод приемот, премиерот Давутоглу и им се заблагодари за соработката и истакна дека заедно со членовите од неговиот тим претставуваат едно големо семејство, во кое се споделувала радоста, се разговарало и се живеело заедно.
За секој од блиските соработници, премиерот Давутоглу истакна дека гледа како член од неговото семејство истакна и им се заблагодари за соработката.
Саре Давутоглу, сопругата на премиерот Давутоглу заблагодарувајќи им се на сите членови на тимот на премиерот за пријателството, другарството, истакна дека се многу задоволни од работата на целиот тим и од нив побара благослов.
По приемот премиерот Давутоглу и неговата сопруга направија заедничка фотографија со вработените во Владата.