ЖЕНЕВА (АА) - Турција упати протестни ноти до Канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева поради потпишувањето т.н Акционен план со терористичката организација ПКК, како и до швајцарските органи на власта поради дозвола на терористите да влезат во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестните ноти следуваа по состанокот на специјалната претставничка на ОН за деца и вооружени конфликти, Вирџинија Гамба, со терористот на ПКК, Ферхат Абди Шахин, командантот на т.н. Сириски демократски сили (SDG), со кои раководи терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ. На состанокот во Канцеларијата на ОН во Женева без знаење на членките е потпишан Акциониот план.
Во нотите се наведува дека постојаната мисија на Турција во Женева документирала дека по Шахин е издадена потерница од Интерпол.
Постојаната мисија стапи во контакт со кабинетот на Геир О. Педерсен, специјалниот претставник на ОН за Сирија, за да утврди дали бил информиран за Акциониот план.
Официјалните претставници кои работат во кабинетот на Педерсен на турските дипломати соопштија дека не знаеле за церемонијата за потпишувањето на Акциониот план, одржана во саботата.
Турското Министерство за надворешни работи во вторникот остро го осуди инцидентот.
„Потпишувањето документ на ОН со терористичката организација ПКК не може да се објасни никако. Ова воедно е и кршење на ОН на сопствените одлуки во врска со тероризмот“, се наведува во соопшението.
Кажано е и дека е неприфатливо тоа што ОН потпишале договор со ПКК за да го решат проблемот, иако тоа потврдува дека терористичката организација врши злосторства против човештвото и меѓународното право, вклучувајќи ја и принудната регрутација на деца.
Таканаречениот договор, наводно има за цел да стави крај на искористувањето и регрутацијата на членови помлади од 18 години од страна на т.н. Сириски демократски сили.
ЈПГ е сириски огранок на терористичката организација ПКК и работи под плаштот на т.н. Сириски демократски сили.
Извештајот на ОН покажува дека бројот на малолетниците кои војувале на страната на ЈПГ/ПКК во 2016 година изнесувал 46, а во 2017 година бил зголемен на 224.