Hatice Kesgin,Fatma Bülbül
22 Ноември 2016•Ажурирај: 23 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Полицијата денес приведе 12 вработени лица во „Турк телеком“ во Истанбул како дел од истрагата за терористичката организација ФЕТО, јавува Anadoly Agency (AA).
Според канцеларијата на јавниот обвинител во Истанбул, издадени се налози за приведување на 22 осомничени лица.
Властите продолжуваат да трагаат по останатите осомничени лица, кои се бараат под обвинение дека се членови на терористичката организација ФЕТО. Операцијата со седиште во Истанбул е во тек и во другите делови на Турција, вклучувајќи ги областите Агри, Малатја и Анкара.
Досега 144 вработени лица на „Турк телеком“ се задржани во притвор, додека неколку турски судови задржаа 63 осомничени лица.
Вработените во „Турк телеком“ се приведени под сомнение дека се поврзани со терористичката организација ФЕТО, која се товари дека стои зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули, во кој загинаа 248 лица.
Тие се соочуваат со обвиненија за кршење на уставот, предавство и членство во терористичката организација.
- Приведувања поради „Бајлок“ -
Во меѓувреме, најмалку 20 лица беа исто така приведени во осум области, поради користење на апликацијата „Бајлок“ за испраќање пораки. Оваа апликација се поврзува со обидот за државен удар.
Операцијата е фокусирана на структурите на ФЕТО во турскиот затворски систем. Меѓу приведените се наоѓа и гувернерот на казнената интитуција Силиври во Истанбул.
Според канцеларијата на јавниот обвинител во Истанбул, издадени се налози за приведување на 25 осомничени лица.
Операцијата со седиште во Истанбул истовремено е во тек во областите Анкара, Бурса, Чанаккале, Кирикале, Токат, Орду и Ризе.