Halil Demir
20 Јануари 2018•Ажурирај: 21 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во операцијата против терористичката организација ДЕАШ извршена во Истанбул, приведени се 54 лица со странско потекло, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, тимовите на Дирекцијата за борба против тероризмот започнале операција за фаќање на осомничените за кои се вели дека се подготвувале за вршење активности во име на ДЕАШ.
Во рамките на операциите извршени истовремено во 11 место во осум подрачја во Истанбул, приведени се 54 странски државјани.
Во овие операции се запленети голем број дигитални материјали и документи на оваа организација.
Приведените лица се пренесени во полициска станица за понатамошни процедури.