Ferdi Türkten
12 Август 2021•Ажурирај: 13 Август 2021
АНКАРА
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, внимателно ги следи поплавите настанати поради обилните врнежи во Црноморскиот Регион, особено во градовите Бартин, Синоп и Кастамону, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писмената изјава дадена од Одделот за комуникации при турското Претседателство, претседателот Ердоган е во постојан контакт со министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, министерот за животна средина и урбанизација, Мурат Курум и министерот за транспорт и инфраструктура, Адил Караисамиоглу, кои се наоѓаат во поплавените региони и од нив добива моментални информации за ситуацијата.
Претседателот Ердоган, исто така, оствари телефонски разговор со гувернерите на регионите погодени од поплавите. Ердоган истакна дека државата е мобилизирана со сите средства и е заедно со граѓаните кои се погодени од поплавите.
Ердоган, меѓу другото, посака Божја милост за граѓаните кои го загубија животот во поплавите.