Турција

Поради крадење на прашањата за комесарски испит уапсени 75 членови на ФЕТО

Обвинителството во Анкара издаде налог за апсење на 84 лица, од кои 13 се активни полициски службеници

Tanju Özkaya, Serdar Açıl, Sertaç Bulur  | 12.04.2019 - Обновена : 13.04.2019
Поради крадење на прашањата за комесарски испит уапсени 75 членови на ФЕТО

АНКАРА (АА) - Поради крадење на прашањата за комесарски испит во 2010 година, по што напредуваа во службата, од слобода се лишени 75 поранешни и активни полицајци поврзани со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

Обвинителството во Анкара издаде налог за апсење на 84 лица, од кои 13 се активни полициски службеници.

Од слобода се лишени вкупно 75 лица.

Со претходната истрага на Обвинителството е утврдено дека лицата лишени од слобода, во службата напредувале на незаконски начин, така што кандидатите за комесари поврзани со ФЕТО ги добивале прашањата пред испит и оствариле подобри резултати во однос на другите кандидати. Така е овозможено полицајците поврзани со ФЕТО да бидат поставени на раководечки позиции во полициските структури.

Терористичката организација ФЕТО стои зад неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација која ја предводи Фетула Ѓулен, кој живее во САД, а чие испорачување Турција официјално го бараше од САД.

Членовите на таа организација, со години преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се во институциите на државата. Потоа, најпрво во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството низ наместен процес за наводна корупција направија обид за процесуирање на голем број високи службеници.

Неколку години подоцна следуваше и крвав обид на терористите на ФЕТО, кога на 15 јули офицерите во турската Војска, лојални на таа терористичка организација се обидоа да извршат пуч.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја каде што е активна, а на тоа во повеќе наврати укажаа и турските официјални претставници. За време на обидот за пуч во Турција загинаа 251 лице, а ранети се околу 2.200 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın