Hakan Burak Altunöz,Meltem Yılmaz
19 Јуни 2019•Ажурирај: 21 Јуни 2019
ТРАБЗОН
Поројните врнежи од дожд, кои од минатата недела се активни во подрачјето на местото Аракли, во турската област Трабзон, во североисточниот дел на земјата, предизвикаа поплави и свлечишта во кои животот го загубија најмалку 3 лица, а се трага по 7-мина исчезнати, јавува Anadolu Agency (AA).
Поројните врнежи од дожд што вчера зафатија делови од местото Аракли, предизвикаа поплави и свлечишта во кои исчезнаа 7 лица. Спасувачките екипи составени од 281 член од жандармеријата, полицијата, Брзата помош, Црвената полумесечина и други институции и организации, опремени со 52 возила и 27 градежни машини, уште од раните утрински часови се вклучени во операцијата за пронаоѓање на исчезнатите лица.
Тежиштето на претрагата по исчезнатите се води во коритото на реката и неговата околина.
Поплавите и свлечиштата во ова подрачје одзедоа 3 животи, 4 лица се наоѓаат на лекување во болница, а 76 лица се евакуирани.