Ekip
28 Февруари 2025•Ажурирај: 01 Март 2025
АНКАРА (АА) - Поминаа 59 години откако беа пуштени во продажба автомобилите од брендот „Анадол“ во Туркије, кои дадоа голем придонес во развојот на турската автомобилска индустрија, известува Анадолу.
Возилото „Анадол“ започна да се произведува во 1966 година, а во продажба излезе на 28 февруари 1967 година и стана еден од пионерите на турската автомобилска индустрија.
Станува збор за првиот турски автомобил од сериско производство.
До 1984 година, кога заврши производството, беа произведени вкупно 93.188 возила „Анадол“, вклучувајќи 62.923 автомобили и 30.265 пикап-верзии.
Денес, неколкуте возила „Анадол“ за кои внимателно се грижат љубителите на класични автомобили, продолжуваат да го привлекуваат вниманието на оние кои ќе ги забележат. Ова возило го задржа своето место во сеќавањата како важен симбол на домашната автомобилска историја.