Muhammed Boztepe
03 Јуни 2019•Ажурирај: 04 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили, како дел од операцијата „Канџа“, неутрализираа еден терорист на ПКК во северниот ирачки регион Хакурк, соопшти денеска турското Министерство за одбрана, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството преку својот твитер-профил, информираше за операцијата која започна на 27 мај.
Во операцијата е неутрализиран уште еден терорист. Досега, во подрачјето на Хакурк неутрализирани се 28 терористи, откако Турските вооружени сили на 27 мај ја започнаа операцијата „Канџа“ против терористичката организација ПКК во северен Ирак.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, вклучувајќи и жени и деца.