Halil Demir
02 Април 2021•Ажурирај: 02 Април 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во турската област Истанбул е реализирана операција против терористичката организација ДЕАШ, во која приведени се 12 осомничени лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тимовите од дирекцијата за борба против тероризмот започнаа истрага за фаќање на осомничените лица за кои е утврдено дека во градот вршеле активности во име на ДЕАШ, и им трансферирале пари на челниците на оваа терористичка организација кои се наоѓаат во зоните на конфликти.
Во рамки на оваа истрага, на 12 локации во осум различни подрачја во Истанбул се извршени истовремени операции, при што се приведени 12 осомничени лица за кои е издаден налог за приведување.
Во рациите спроведени на локациите запленети се голем број документи и дигитален материјал на оваа организација.