Ali Kemal Akan
03 Февруари 2018•Ажурирај: 03 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку двајца припадници на Вооружените сили на Република Турција загинаа во судирите за време на операцијата „Маслинова гранка“, која турските сили ја извршуваат во Африн, северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Генералштабот на Република Турција е наведено дека еден турски војник загинал за време на судирите со терористите во рамките на операцијата „Маслинова гранка “.
Другиот турски војник загинал во терористички напад на пограничниот појас на градот Килис.
„Длабоко погодени од веста за нашите загинати војници, од Бога бараме да им подари милост, а на нивните семејства, Вооружените сили и народот на Република Турција им упатуваме најискрени зборови сочуство“, пишува во соопштението.