Tuba Şahin
17 Август 2017•Ажурирај: 19 Август 2017
АНКАРА (АА) - Организацијата за исхрана и земјоделство на ОН (FAO) започна нов проект за сириските бегалци и за заедниците-домаќини во Турција со цел да развијат стручни вештини во областа земјоделство, јавува Anadolu Agency (AA).
Проектот вреден 1,7 милиони долари има за цел да создаде можности за работа за 900 лица во пет области во јужна Турција – Адана, Газиантеп, Испарта, Мерсин и Шанлиурфа.
Се вели дека Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци го финансирал проектот во кој турското Министерство за храна, земјоделство и сточарство беше водечки партнер.
Се очекува земјоделските производители, бегалците и заедниците-домаќини да имаат корист од проектот преку стручните обуки.
„Проектот е со цел да се подобри социјалната кохезија меѓу сириските бегалци и нивните заедници-домаќини преку создавање можност за вработување за двете групи, зголемувајќи го приходот во домаќинствата, подобрување на продуктивноста и подигнување на квалитетот на земјоделските производи“, се вели од ФАО.
Шеик Ахадузаман, раководител на програмата ФАО, нагласи дека Турција укажала на потребата за одржлив пристап со цел да се зголемат средствата за живот и обезбедувањето храна за сириските бегалци и за заедниците што ги вдомуваат.
„Иницијативата на ФАО за стручна обука ќе ги олесни можностите за вработување на пазарот на земјоделскиот труд, кој има огромен потенцијал за апсорпција на квалификувана работна сила“, вели Ахадузаман во својата изјава.