Објавен e спотот на „Химна на целосно независнa Туркије“
- Објавен e спотот на „Химна на целосно независнa Туркије“ на ТЕКНОФЕСТ, најголемиот фестивал за воздухопловство, вселена и технологија во светот
Tolga Yanık
10 Мај 2023•Ажурирај: 16 Мај 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Објавен e спотот на „Химна на целосно независнa Туркије“ на ТЕКНОФЕСТ, најголемиот фестивал за воздухопловство, вселена и технологија во светот, пренесува Анадолу.
Овој видео-спот е објавен на социјалните мрежина преку профилите на ТЕКНОФЕСТ.
Текстот на спотот на „Химна на целосно независна Туркије“ е следен:
„Целосно независна Туркије, зарем некогаш би се откажале од тебе? Од нашата епска љубов, од нашата изгубена љубов. Ќе видиме многу ТЕКНОФЕСТ-ови, ќе доаѓаме со милиони, рамо до рамо со младите, ќе постигнеме победи. На небо Кизилелма, во водите Анадолу. Тогг излезе на патишта, и сега е редот на тебе. Ние пораснавме со ТЕКНОФЕСТ, пешачевме кон небото, ја видовме твојата возбуда, ја видовме во нејзиниот најголем подем. Сега е редот на тебе. Сонувајте заедно, еве доаѓа, целосно независна Туркије“.
Химната за прв пат беше пуштена за време на ТЕКНОФЕСТ во Истанбул во период од 27 април до 1 мај на аеродромот Ататурк во Истанбул, на кој учествуваа 2 милиони 547 илјади лица.
Објавен e спотот на „Химна на целосно независнa Туркије“