Önder Altınal
10 Февруари 2018•Ажурирај: 11 Февруари 2018
ВАН (AA) - Во турскиот град Ван се гради подземна водоводна мрежа со должина од 3,8 километри, која ќе помине од областа Геваш до островот Акдамар, јавува Anadolu Agency (AA).
Проектот на водоводната мрежа именуван како „проект сон“, го спроведува општината Ван, овластена од Министерството за внатрешни работи на Турција, има за цел пренос на вода до островот Акадамар.
Во рамките на проектот подготвен од општинската управа за водовод и канализација (ВАСКИ), на островот ќе се пренесе вода преку водоводна мрежа од 3,8 километри која ќе биде изградена под езерото.

Градоначалникот на Геваш, Синан Хакан, во изјава за Anadolu Agency (AA) изрази задоволство поради реализирање на овој проект, бидејќи островот Акдамар е меѓу најважните вредности на Ван.
„Изворната вода од долината на планината Артос ќе биде пренесена до островот. Ова е неверојатен проект за Геваш“ наведе тој.
За проектот прв пат се разговараше во 2014 година.
Градоначаникот истакнува дека териотријата е под културна и археолошка заштита и дека очекуваат 150.000 луѓе да го посетат островот оваа година.
- Островот ќе биде спасен од сушење
„На островот постојат ендемски вековни дрвја. Повеќето засадени пред да се создаде Републиката. Во последниве години, исто така, се случија глобални климатски промени овде. Сведоци сме на суша во последните 10 години. Ако не преземеме мерки, ќе се соочуваме со опустошување на островот Акдамар. Овој проект е важен за спасувањето на осторовот, а особено за да остане островот 12 месеци зелен и за да туристите дојдат на подобро место“, вели Хакан.
Градоначалникот истакнува дека е спроведено научно истражување бидејќи до брегот има 3,8 километри и длабочина од 80-90 метри и само 3,8 километри ќе биде под вода, а ќе се направи 10 километри работа.
Покрај островот многу од населените места на кои им треба вода ќе имаат корист од тоа.
Тој верува дека проектот не само за Ван и Гаеш туку ќе обезбеди и значителен придонес на турскиот туризам.
„Овој проект беше сон, а револуција во доменот на општинските работа. Му се заблагодарувам на нашиот гувернер, не како градоначалник, туку како граѓанин што ни овозможи овој проект да стане ралност“, изјави градоначалникот.