Muhammed Gencebay Gür
21 Септември 2019•Ажурирај: 23 Септември 2019
ИСТАНБУЛ
Истанбулските мостови „Фатих султан Мехмет“ и „Јавуз султан Селим“ синоќа беа осветлени во сина, виолетова и розова боја, со цел да се сврти вниманието кон заболените од карцином на глава и врат, јавува Anadolu Agency (AA).
Истанбулските мостови беа осветлени со боите на логотипот на Европското здружение за глава и врат (EHNS), во рамките на Неделата на свест за карциномот кој се одбележува од 16 до 20 септември.
Кај голем број заболени, неретко се занемарени неспецифичните симптоми на карцином на глава и врат кои зависат од локацијата на туморот, а се манифестираат како болка во грлото, отежнато голтање, долготрајна засипнатост, отежнато дишење, болка во пределот на увото.
И покрај напредокот во дијагностиката и терапевтските модалитети, во последните 30 години нема значаен напредок на петогодишното преживување на заболените од оваа болест.