Sarp Özer
17 Јануари 2023•Ажурирај: 18 Јануари 2023
ПРАГА (АА) – Министрите за одбрана на Туркије и Чешка денес се сретнаа на разговори за билатерални и регионални одбранбени и безбедносни прашања, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот министер Хулуси Акар беше пречекан од неговата чешка колешка Јана Чернохова во главниот град Прага.
Двајцата министри разговараа и за прашања поврзани со соработката во одбранбената индустрија, соопшти турското Министерство за национална одбрана.